Трансферот на Дибала се поблиску, Аргентинецот денес ќе се сретне со Сари

Преминот на Пауло Дибала во Манчестер Јунајтед би можел да се случи побрзо од очекуваното и истиот би требало формално да биде заклучен во текот на утрешниот ден.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Аргентинецот денес ќе има финална, неформална средба со Маурицио Сари на која и дефинитивно ќе му биде соопштено дека не е во плановите на искусниот стратег.

И самиот фудбалер веќе изгубил доверба и дека побарал да замине во Јунајтед, а веќе познати се и барањата кои ќе ги достави до англискиот клуб.

Имено, Дибала ќе бара околу 200.000 фунти неделна плата, додека од Манчестер Јунајтед ги започнале преговорите со неговиот агент со сума од 150.000 фунти. Тука не би требало да има некој проблем, па двете страни брзо треба да дојдат до договор.

Трасферите на Дибала и Лукаку ќе бидат одделни и нема да бидат како директна размена на играчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e