Суарез потпиша со Атлетико Мадрид, Симеоне тргнува и по Кавани

Луис Суарез официјално е играч на Атлетико Мадрид. Уругваецот, кој ја напушти Барселона со солзи во очите, откако беше несакан на „Камп Ноу“, потпиша договор со „јорганџиите“ на две години. Атлетико ќе биде шести клупски тим во кариерата на 33-годишниот напаѓач.

Барселона може да добие околу 6 милиони евра за Суарез, во случај да се активираат одредени клаузули, поврзани со настапот на Уругваецот на „Ванда Метрополитано“.

Суарез беше донесен на „Камп Ноу“ во 2014 година од Ливерпул. Одигра 283 натпревари за Каталонците, постигнувајќи 198 гола, со што стана трет најдобар стрелец во клупската историја.

Според информациите во Шпанија, Диего Симеоне ќе се обиде да го привлече Единсон Кавани и да формира уругвајски напаѓачки тандем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e