СП Франција 2017: „Триколорите“ ја бранат титулата од Доха, Македонија поставува темели за иднина

Репрезентацијата на Франција ќе се надева на повторување на историјата од пред две години, кога стигнаа до титулата светски прваци во Доха. Во финалниот натпревар „триколорите“ го победија Катар со 25-22 и уште еднаш докажаа зошто се можеби најдобрата ракометна репрезентација на сите времиња.

Сепак, Олипмиските игри во Рио послужија како доказ дека „лекот“ за Французите го имаат ракометарите на Данска и подмладената Германија. Домаќинот ќе се обиде да го повтори успехот од пред 16 години, кога во 2001 година стигнаа до светската титула на домашно тло. За место во следната фаза, во групата А уште ќе се борат и Норвешка, Полска, Бразил, Јапонија и Русија.

Франција

Групата Б, во која ќе настапува и Македонија, е составена од европските гиганти Шпанија и Словенија, како и Ангола, Тунис и Исланд. Предводени од искусниот Лино Червар, кој знае како е да се игра под притисок на големите натпреварувања, македонските ракометари ја гледаат шансата во дуелите против Тунис и Ангола за пласман во следната фаза.

Подмладениот состав и недостатокот на искуство на голот би можело да претставува проблем за нашата репрезентација, но очигледна е целта на Червар, кој сака да им даде шанса на младите, кои ќе бидат иднината на македонскиот ракомет. Реалното достигнување би можело да биде пласманот во најдобрите 16, па потоа со сплет на околности би можеле да стигнеме и до некое изненадување и да обезбедиме пласман меѓу ТОП 8 светски репрезентации.

Македонските репрезентативци по мечот со Полска

Интересно ќе биде во групата Ц во која европскиот шампион Германија ќе ги одмери силите со Хрватска, Белорусија, Чиле и Саудиска Арабија. Подмладениот состав на германската репрезентација би можел да биде најголемата опасност за големите фаворити, бидејќи зад себе има феноменален турнир во Полска, во кој стигнаа до европската титула.

Хрватите се секогаш меѓу благите фаворити за медал, а оваа година предводени од Жељко Бабиќ ќе имаат што да кажат во Франција. Сепак, тие патуваат на СП без неколку клучни играчи меѓу кои и Марко Копљар и голманот Мирко Алиловиќ, кои поради повреди не беа на располагање на хрватскиот селектор.

Хрватска

Една од најнеизвесните групи би требало да биде групата Д, во која скандинавците Данска и Шведска ќе им се спротистават на Аргентина, Катар, Египет и Бахреин. Данците се изразити фаворити за првото место во групата, но и се споменуваат во потесните фаврити за златниот медал.

Турнирот од 24 репрезентации ќе се одржува од 11 до 29 јануари, а натпреварите ќе се одиграат во осум различни сали низ цела Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e