СП 2018: Роналдо: Освојувањето на трофејот останува наша цел

Kристијано Роналдо го прокоментира драматичниот судир меѓу Португалија и Шпанија од групата „Б“ на СП 2018, што заврши 3:3. Напаѓачот постигна три гола и пред целиот свет повторно ја покажа својата класа.

– Среќен сум, завршивме добра работа. Сето ова е резултат на многу години работа на сите во тимот. Јас им должам на моите соиграчи затоа што не престануваат да веруваат во мене, рече Роналдо веднаш по натпреварот.

Тој додаде дека тимот дал сѐ од себе и ремито е заслужено.
– Можевме да победиме, но и нерешеното не е лошо. Ремито е заслужено бидејќи Шпанците многу повеќе ја контролираа топката од нас. Освојувањето на трофејот останува наша цел, но за да го сториме тоа, треба почесто да ја имаме топката во наши нозе и да ја контролираме играта, изјави петкратниот освојувач на „Златната топка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e