Скандал во САД – НБА ѕвезда брутално претепа млад човек на сред улица

Поранешниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Џеј-Ар Смит претепа едно лице учесник во немирите во Лос Анџелес. Настраданиот е човек со бела кожа кој ги искршил прозорците на автомобилот на кошаркарот, по што играчот го фатил и го претепал, објави „Clutch Points“.

Смит подоцна снимил видео во кое објаснил дека нападнал човек кој извршил акт на вандализам.

Кошаркарот и неговиот поранешен партнерод Кавалирс, Џордан Кларксон, учествуваа на протестите во саботата во Лос Анџелес.

Во неколку градови во САД се одржуваат масовни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e