Скандал во Англија: Фоден и Гринвуд избркани од репрезентацијата

Фил Фоден и Мејсон Гринвуд беа исфрлени од таборот на репрезентацијата на Англија. Причината за кардиналната одлука е што двајцата играчи на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ги прекршиле правилата и донеле девојки во хотелот на тимот во Исланд.

Младите дебитираа за националниот тим на 5 септември против Исланд и се чини дека решиле подобно да ја прослават оваа пригода.

Снимките од играчите во карантин се појавија во сите медиуми и добија широк одговор на Островот, што го принуди тренерот на „трите лава“ – Герет Саутгејт да преземе радикални мерки, отстранувајќи ги од тимот.

Двајцата нема да патуваат со тимот за посетата на Данска утре.

– За жал, утрово моето внимание беше насочено кон две момчиња кои ги прекршија мерките за заштита од коронавирусот и ние мора брзо да ги изолираме од тимот. Ние ги следиме правилата и сега тие ќе мора да одат дома одделно, изјави Саутгејт на специјалната прес-конференција пред дуелот со „црвениот динамит“.

Додаде дека сè уште не ги знае деталите, бидејќи дознал за тоа само пред неколку часа и дека нема да навлегува во повеќе детали.

– Ние ги почитуваме правилата и немаме алтернатива на оваа одлука што ја донесовме. Тие не појадуваа со нас утрово и не присуствуваа на тренингот. Ние сериозно ја сфаќаме моменталната состојба. Тоа е исклучително наивна одлука, но ќе се справиме со тоа. Сфаќам дека тие се млади, но целиот свет се бори со пандемија. Се обидов да разговарам со нив, тие се одговорни и мора да се извинат. За жал, тие се вклучени во ситуација што ќе добие многу критики, па затоа не сакам повеќе да им ја комплицирам ситуацијата. Тие разбираат дека не биле во право, заклучи Саутгејт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e