Скалони останува на кормилото на Аргентина

Привремениот селектор на аргентинската репрезентација Лионел Скалони останува на таа позиција барем до крајот на квалификациите за светското првенство 2002 година.

Веста ја денеска официјално ја објави Фудбалската федерација на Аргентина, кои му дадоа доверба на Скалони по освоеното трето место на Копа Америка.

Скалони по СП во Русија го наследи Сампаоли кој доби отказ, а за него ова е прва самостојна работа како селектор во животот, бидејќи досега бил само помошник тренер и тоа токму на Сампаоли во Севилја.

Старо-новиот селектор на Аргентина ја предводеше репрезентацијата на 15 натпревари, од кои забележал девет победи, четири порази и два нерешни натпревари, како и со позитивна гол разлика 25:11.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e