Што треба да направи Нејмар, ако сака да се врати во Барса?

Потпретседателот на Барселона, Жорди Местре смета дека Нејмар има неколку работи што треба да ги направи доколку сака да се врати на „Камп Ноу“. Бразилецот замина во 2017 година во насока ПСЖ и не го стори тоа на најдобар начин, а тоа ги налути обожавателите.

– Од емотивна гледна точка и начинот на кој замина, јас повторно не би потпишал со него. Од спортски аспект, сепак, би сакал. Ако станува збор за неговото враќање, тој мора да направи гест од своја страна. Тој мора да ги повлече тужбите кон клубот, да се извини и ќе живее речиси совршен живот. Никој не знаеше дека ќе замине затоа што не кажа никому. И, тогаш тој брзо почна да жали за тоа што направил“, изјави Местре.

Тој ја коментираше и врската помеѓу Лионел Меси и Ерик Абидал.

– Мислам дека обајцата разбираат што тргна наопаку. Последното нешто што обајцата сакаат е да му наштетат на клубот, заврши тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e