Шок во Шпанија: Отказ за Лопетеги на еден ден пред СП

Огромен потрес во редовите на шпанската фудбалска репрезентација на само 24 часа пред официјалното отворање на СП, откако Хулен Лопетеги доби отказ од функцијата селектор на „црвената фурија“. Челниците на федерацијатасе почувствуваа изневерено откако Лопетеги реши да не го испочитува новиот двогодишен договор потпишан пред помалку од еден месец, па во текот на вчерашниот ден беше обелоденето дека тој ќе биде наследник на Зинедин Зидан во Реал Мадрид.

Во текот на утрово беа водени интензивни разговори, фудбалерите цврсто застанаа во одбрана на селекторот, но тоа не го поколеба новиот претседател на федерацијата, Луис Рубиалес.

„Принудени сме да го раскинеме договорот со селекторот на репрезентацијата. Постојат некои правила на однесување, не може ние да дознаваме дека тој има клупски договор на два дена пред почетокот на СП, на само пет минути пред Реал Мадрид да го објави тоа на својата веб-страница. Хулен Лопетеги не реагираше онака како што треба, согласно нормите за однесување, и нашата реакција како федерација мора да биде цврста“ – изјави Рубиалес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e