Серена Вилијамс поразена во јубилејниот 1.000. меч во кариерата

Аргентинската тенисерка Надја Подорска се пласираше денеска во осминафиналето на турнирот во Рим, откако триумфираше над осмата тенисерка на ВТА листата Серена Вилијамс со 7:6, 7:5.

На Подорска, која е 44. рангирана во светот, за победа над поранешната тенисерка број 1. и беа потребни еден час и 59 минути.

За Серена Вилијамс ова беше јубилеен 1.000 меч во кариерата, во која има освоено 20 грен-слем титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e