Серена: Јас сум мајка, мора да сум број 1

Седумкратнaтa шампионка Серена Вилијамс побара да биде поставена под број 1 на „Вимблдон“, дури и ако не успее да се врати во топ 32 на светската АТП листа пред турнирот. 36-годишната Американка е под број 449 во светот, откако се врати на теренот по раѓањето на нејзината ќерка, иако пред тоа да беше прва на ВТА.

Серена рече дека тенисерки, кои се враќаат по раѓањето треба да имаат сочувано место на ранг-листата и да бидат носителки.

Директорот на „Вимблдон“ првично најави дека е „малку веројатно“ Вилијамс да биде носителка, но подоцна беше пуштена изјава дека организаторите на „Вимблдон“ имаат право да ги определат носителките, независно од ранглистата.

Средбата каде тоа ќе се случи ќе се одржи оваа година на 26-ти јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e