Селектирани три играчи на КК Крива Паланка за националниот кошаркарски камп под покровителство на ФИБА

Две млади кошаркарки и еден кошаркар од кошаркарски клуб Крива Паланка, генерација 2009 се одбрани за учество на годинашниот национален спортски камп што го организира Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија под покровителство на ФИБА.

– На селективните тренинзи за годишниот национален спортски камп на КФСМ, дел од партнерскиот проект со ФИБА, насловен „Развој на играчи до 13 години” од нашиот клуб беа повикани вкупно девет играчи, а тројца од нив, Давид Давитковски, Глорија Груевска и Миа Марија Велковска беа селектирани во нивната возрасна категорија да бидат дел од националниот спортски камп 2021 година, кој ќе се одржи во период од 24 јуни до 4 јули во Скопје, изјави Ведран Белешковски, претседател на КК Крива Паланка.

Селектирани се по 15 кошаркари и кошаркари од 2008 и 2009 генерација, вупно 60 дечиња кои заедно со 12 тренери, во салата на КК „Вардар“ и салата во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе работат под менторство на кошаркарскиот експерт Ненад Труниќ од Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e