Роналдо за победата против Болоња: Многу важна победа, Јувентус е на добар пат

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги сподели своите впечатоци по денешниот триумф над Болоња со 2:0 во 19. коло од Серија А.

– Многу важна победа! На добар пат сме! Продолжуваме во истиот дух – напиша Роналдо на Твитер.

Јувентус е на 4. место на табелата во италијанскиот шампионат со 36 бода и натпревар помалку од конкурентите за највисок пласман.

Лидер е Милан со 43 бода, Интер има 41, Рома 37.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e