Роналдо првпат во кариерата не шутна кон голот на противникот во Мундијалски квалификации

Репрезентацијата на Португалија во Лисабон загуби од Србија (1:2) во последниот натпревар од групната фаза во квалификациите за Светското првенство во 2022 година и не успеа да обезбеди директен пласман на Мундијалот во Катар.

Најголемата ѕвезда на португалскиот фудбал, Кристијано Роналдо, кој го одигра целиот натпревар, не упати ниту еден прецизен удар кон голот на Србија. Ова е прв пат во кариерата на 36-годишниот фудбалер да не упати удар кон противничкиот гол во квалификациите за Светското првенство.

Португалците по овој пораз го освоија второто место во групата и за пласман на Мундијалот во Катар ќе мора да се изборат преку бараж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e