Роналдо наскоро во Јувентус! Се сеќавате ли што изјави тој за италијанскиот клуб??

Tема број еден во светските медиуми последните неколку дена е трансферот на Кристијано Роналдо во Јувенутс. Многумина ова го сметаат за завршена работа иако засега од никаде нема официјална потврда.

Кон она што се пишува и шпекулира, ако се погледне наназад во прилог оди и изјавата на Португалецо која ја даде по 1/4 финалниот меч од ЛШ во Торино кога Реал Мадрид славеше со 3-0.

Роналдо тогаш доби овации на „Алиенц“ стадионот, а многумина сега оваа негова изјава ја толкуваат токму како желба Роналдо да заигра во Јувентус.

„Ова беше еден од најубавите моменти оваа ноќ. Тоа е одлично, луѓето да ми аплудираат на стадионот на Јувентус, клуб кој имал и има такви играчи. Многу сум среќен и возбуден бидејќи Јуве е клуб кој што го сакав од детството“ изјави тогаш Роналдо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e