Роналдо може да се врати во игра за „бјанконерите“ во утрешниот натпревар со Атлетико

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо може да се врати во игра за „бјанконерите“ во утрешниот натпревар со Атлетико Мадрид, откри тренерот на тимот од Торино, Маурисио Сари.

Португалскиот напаѓач во последните неколку недели има проблем со коленото, откако ги играше клучните европски квалификации за Португалија со болки, но ја пропушти победата на Јуве со 3:1 над Аталанта во текот на викендот.

– Во недела, Кристијано тренираше со своите соиграчи. Неговата состојба се подобрува, но ќе мора да решиме дали тој ќе игра утре. Позитивно беше што тој беше во можност да го одработи целиот тренинг, коментира Сари на денешната прес-конференција.

Роналдо беше заменет во последните два натпревари за Јувентус во Лигата на шампионите и се чинеше особено незадоволен од неговата замена против Локомотив Москва, но Сари увери дека нема проблеми меѓу двајцата.

– Мојот однос со Кристијано е добар. Ако играч, кој освоил толку многу, е лут на промената, значи тој сепак е крајно мотивиран, што е добра работа“, рече тренерот на „бјанконерите“.

Јувентус веќе обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но со победата на стадионот „Алијанц“, утре ќе заврши на првото место во групата.

– Тешко е да се игра против Атлетико, сакаме да ја освоиме групата и ќе се обидеме да ја исполниме таа цел утре, рече Сари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e