Рекордна Мастерс титула на Рафа Надал

Во своето 12-то финале, Рафаел Надал без многу мака го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 2-0 во сетови, за потврда на доминацијата и 11-тиот трофеј на омилениот Мастерс во Монте Карло.

Нишикори во своето дебитантско финале направи брејк на стартот и поведе со 2-1. А, потоа откако не искористи сервис, му дозволи Надал да влезе во супер серија и мошне брзо да го добие првиот сет со 6-3.

Иако, Јапонецот со 1-0 го отвори вториот, сепак, тоа беше се што можеше да стори бидејќи Надал во продолжение ја оправда фаворитската улога и рутински ја запечати победата со 6-2.

За Шпанецот ова е рекордна 31-ва мастерс титула, по која ќе ја почне и 171-та недела на челната позиција на АТП, надминувајќи го рекордот на Џон Мекинро, кој на врвот се задржа 170 недели.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e