Реал ќе ја прифати понудата за Роналдо, но само под еден услов

Кристијано Роналдо, Реал Мадрид и Јувентус и денеска се тема број еден во фудбалскиот свет.

Иако речиси никој не веруваше дека само за неколку дена Кристијано Роналдо би можел да заврши во редовите на Јувентус, како стојат работите овој трансфер најверојатно ќе се случи.

Шпанските медиуми утринава излегоа со нова информација, Реал Мадрид е подготвен да се раздели со својата најголема ѕвезда во историјата и да ја прифати понудата на Јувентус од 100 милиони евра, но само доколку Роналдо излезе пред јавноста и ја соопшти својата одлука за напуштање на тимот.

Иако како што пишуваат медиумите во Италија, трите страни во јануари се договориле, сепак првиот човек на шпанскиот тим, Флорентино Перез сака Португалецот да се обрати на фановите, само на овој начин тој нема да биде виновен за неговото заминување и ќе се одбегнат црните сценарија кои се случија кога Икер Касилјас го напушти Реал.

Ако се водиме според инфоемациите на Марка, Роналдо веќе утре треба да биде промовиран во дресот на Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e