Реал без пораз на 29 натпревари

Реал Мадрид синоќа забележа победа над Селта во натпреварот од 17. коло на Шпанското фудбалско првенство. Избраниците на тренерот Зинедин Зидан го победија ривалот од Виго со резултат 2:0. Головите ги постигнаа Лукас Васкез и Марко Асенсио.

Оваа победа му овозможи на Реал Мадрид да стигне до 36 бода и да ја заземе првата позиција во поредокот барем до попладне.

„Кралскиот клуб” е без пораз на 29 првенствени натпревари по ред со биланс 22 победи, седум нерешени средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e