Рафаел Надал на чело на фудбалскиот клуб Реал Мадрид?!

Една од најголемите легенди на светскиот тенис, Рафаел Надал може да застане на чело на еден од најпознатите фудбалски клубови во историјата – Реал Мадрид. Според публикации во Шпанија, тој бил назначен за наследник на актуелниот претседател на „белите“, Флорентино Перез.

Тој објавил на раководството на мадридскиот гигант дека гледа во тенисерот „идеален избор за Реал“. Перез го сметал тоа, затоа што Надал е познат во целиот свет, а неговата љубов кон Реал е добро позната и затоа би бил одличен амбасадор на клубот, особено ако ја има највисоката раководна улога.

Но за да се стане претседател на Реал Мадрид не е толку лесна задача и премногу малку луѓе можат да си ја дозволат оваа одговорност. Кандидатот за позицијата треба да има банкарски гаранции за минимум 75 милиони евра лични средства и да е член на клубот минимум 20 години.

Во случајот, парите се полесниот дел при ангажирањето на Надал, чие лично богатство се проценува на 150 милиони евра во моментов. Тој, сепак, е член на Реал Мадрид од 2011 година и ќе може да учествува во изборите за претседател дури во 2031 година.

Самиот Перез има мандат до 2021 година и планира да се кандидира за барем уште еден 4-годишен период потоа. Во моментов шефот на Реал Мадрид имаа 71 година. Интересно е дека еден од чичковците на Рафаел Надал е Мигел Анхел Надал, кој е легенда на Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e