Продолжуваат скандалите во Мелбурн: Контроверзниот Австралиец играл позитивен на Ковид

Некогаш големата надеж на австралискиот тенис, Бернард Томиќ беше поразен во првото коло од квалификациите за Австралија опен од рускиот тенисер Роман Сафиулин, а два дена подоцна доби позитивен ПЦР тест, што и самиот го истакна во текот на мечот.

Томиќ за време на натпреварот веќе му кажа на главниот судија дека не се чувствува добро, а по мечот изјави дека најверојатно е заразен со коронавирусот, но дека тоа официјално не го знае. Тој ги критикуваше организаторите бидејќи не се врши ПЦР тестирање, туку играчите се тестираат во своите соби со брзи тестови.

– Се уште ми се гади. Сепак, се чувствувам полошо психички отколку физички, бидејќи бев мотивиран да се вратам назад и да и покажам на јавноста дека можам да бидам тенисерот што го очекуваа. Разочаран сум што вирусот ме спречи да го направам тоа – изјави Томиќ.

Австралискиот тенисер пред почетокот на сезоната истакна дека е многу мотивиран да го покаже она што го знае, бидејќи никогаш не покажал дел од својот потенцијал поради многу вонтениски работи. Тој истакна дека ги променил навиките, дека станал веган, а инспириран е од Новак Ѓоковиќ.

Сепак, ќе има шанса да блесне на некој од турнирите кои ќе се играат подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e