Приведени близу 30 навивачи на Глазгов Ренџерс за време на шампионската прослава

Шкотската полиција приведе 28 навивачи на Глазгов Ренџерс за време на вчерашната прослава на шампионската титула на нивниот омилен клуб, прва во изминатите десет години.

Илјадници навивачи на Ренџерс се собраа во неделата попладне пред клупскиот стадион „Иброкс“, откако главниот конкурент Селтик одигра без голови на гостувањето кај Данди Јунатед, што на тимот на Стивен Џерард му помогна и теоретски да ја обезбеди шампионската титула на шест кола до крајот на шкотското првенството.

Полицијата соопшти дека прославата била во спротивност со епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, додавајќи оти 28 навивачи се приведени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e