Примера: Тесна победа на Барса за израмнување со Реал Мадрид

Барселона синоќа го совлада Хетафе со 2:1 во натпревар од 24-то коло во шпанска Примера и барем на 24 часа бодовно се израмнија со Реал Мадрид на врвот на табелата.
Водство за Каталонците обезбеди Антоан Гризман во 33-та минута што го удвои Серхи Роберто шест минути подоцна. Конечните 2:1 на „Камп Ноу“ ги постави Анхел во 66-та минута.
Барселона сега има 52 бода, колку и Реал Мадрид кој, пак, допрва треба да го одигра својот натпревар од 24-та рунда.
Претходно во текот на денот, Мајорка на Александар Трајковски со 1:0 беше подобра од Алавес, а Вилјареал попладнево со 2:1 го порази Леванте на Енис Барди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e