ППК Крива Паланка прв победник на Јуниорската лига

Во текот на вчерашниот ден во Крива Паланка беа оддржани финалните натпревари од првото издание на јуниорската лига во организација на пингпонгарската федерација на Северна Македонија и пингпонгарскиот клуб Крива Паланка.

20210313_151452

Спортската сала “Бранители 2001” беше домаќин на најдобрите 13 клуба од целата држава кои минатата година се квалификуваа за финалните натпревари.

Целиот ден изобилуваше со квалитетни натпревари каде на крајот, во финалињата, и машката и женската екипа на Крива Паланка беа подобри од екипите на Крушево, со резултати 3:0 во женска, и многу понеизвесно, со 3:2 во машка конкуренција.

20210313_154408

Конечен пласман на најдобрите јуниори/ки:

Машка:
1. Крива Паланка
2. Крушево
3. Винспин

Женска:
1. Крива Паланка
2. Крушево
3. Зегин Берово

20210313_135927

Во наредниот период Крива Паланка ќе биде домаќин на најголемиот број на натпреварувања во младинските категории започнувајки со Телеком мастерс турнирите за играчи до 18 и 21 година на 03-ти односно 10 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e