Познати двојките од кошаркарскиот плејоф во женска конкуренција

Најтрофејниот македонски женски кошаркарски клуб во изминатите години, Бадел 1862, заврши како првопласиран во регуларниот дел од сезоната во Првата лига и покрај вечерашниот поразот од Баскет КАМ во рамки на последното коло.

Во дуелот кој директно го одредуваше пласманот во Супер лигата, кошаркарките на Бадел на домашен терен загубија (54:57) од Баскет КАМ за прв пат во оваа сезона, но, ја одбранија предноста од десет поени од триумфот во Каменица, и ја задржаа позицијата број 1 во разигрувањето за титулата.

Противник на Бадел во плејофот ќе биде екипата на Крива Паланка, која со вечерашниот триумф над Струга, во комбинација со поразот на екипата на Работнички, се искачи на четвртото место на табелата и обезбеди учество во разигрувањето за шампионската титула.

Полуфиналните двојки од плејофот се Бадел 1862 – Крива Паланка и Баслет КАМ – Вардар.

Кошаркарска Супер лига – жени, резултати 6 .коло

Струга 2009 – Крива Паланка 38:49

Бадел 1862 – Баскет КАМ 54:57

Работнички – Вардар 60:80

ТАБЕЛА: Бадел 1862 35, Баскет КАМ 35, Вардар 32, Крива Паланка 28, Работнички 28, Струга 2009 26.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e