Пол Погба позитивен на коронавирус

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и француски репрезнетативец е тестиран позитивно на коронавирус.

Веста за позитивниот тест на Погба ја потврди селекторот на Франција, Дидие Дешам.

Погба се наоѓа на списокот на Дешам за претстојните натпревари на француската репрезентација во Лигата на Нации, но поради најновиот сплет на настани, тој ќе биде заменет со Едуардо Камавинга.

Дешам потврди дека позитивен на коронавирус е и играчот на Тотенхем, Тангуи Ндомбеле и тој отпадна од септемвриската репрезентативна акција и на негово место е повикан Ентони Марсијал од Манчестер јунајтед.

На стартот од Лигата на нации, Франција и гостува на Шведска на 5. септември, а три дена подоцна ќе игра против Хрватска.
Позитивниот тест на Погба значи дека тој ќе го пропушти и стартот на подготовките со Манчестер јунајтед бидејќи мора 14 дена да биде во карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e