Погба потпиша договор со француски клуб

Флорентин Погба, брат на многу попознатиот француски репрезентативец и фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Погба, потпиша договор со Сошо, објавено е на официјалниот Твитер на клубот.

Дваесет и деветгодишниот репрезентативец на Гвинеја, претходно играше за Седан, Сен-Етјен, Генчлербирлиги и Атланта.

Порталот „Transfermarkt com.“ ја проценува вредноста на играчот на 475 илјади евра.

За време на неговата кариера, тој постигна девет голови и оствари осум асистенции на 219 натпревари. Има одиграно 21 средба за репрезентацијата на Гвинеја

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e