Погба ќе настојува да се пресели во Реал Мадрид во јануари

Sвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба сака да се пресели во Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок, пренесува британскиот „Дејли Мејл“. Францускиот репрезентативец е главна трансфер цел на „кралскиот клуб“ од враќањето на Зинедин Зидан во Мадрид.

Погба има одиграно само пет натпревари во Премиер лигата за „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната поради повреда на глуждот, при што менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер минатата недела изјави дека се надева дека ќе може да се потпира на играчот од средниот ред пред крајот на годината.

Според весникот, раководството на англискиот клуб е исто така уморно од постојаната нејаснотија за иднината на Погба и е подготвено да се раздели со него во јануари, доколку добие соодветна понуда.

Реал се обиде да привлече играч од средниот ред во текот на летото, но потоа не успеа да ја понуди бараната сума. Сега се чини поверојатно дека двата клуба ќе се разберат едни со други и ќе дојдат до трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e