Почина легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид

Легендарниот дефанзивец на мадридски Реал, Грегорио Бенито Рунио, по долго и тешко боледување, почина во 73. година од животот.
Ова е втора тажна вест за фановите на „кралскиот“ клуб во екот на пандемија од коронавирус по онаа за смртта на поранешниот претседател на тимот од „Сантијаго Бернабеу“, Лоренцо Саинс.
Рубио беше член на Реал Мадрид цели 13 години, од 1969 година до 1982 година. Во период одигра 420 натпревари за „кралевите“ со кои освои шест титули во Примера и пет во националниот куп на Шпанија. За „црвената фурија“ забележа 22 настапа во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e