Почина 19-годишен фудбалер на Лацио

Фудбалерот на младата екипа на италијанскиот прволигаш Лацио, 19-годишниот Даниел Гуерини загина во сообраќајна несреќа што се случи во средата вечер во јужно предградие на Рим.

– Сите во клубот сме во шок и болка. На семејството на младиот Даниел Гуерини му изразуваме најдлабоко сочувство, соопшти Лацио.

Според извештаите во италијанските медиуми, несреќата се случила поради неприспособена брзина, откако Гуерини управувајќи со возилото удрил во друг автомобил управуван од 68-годишен маж.

Гуерини дојде во Лацио во јануари, а претходно во кариерата настапуваше за Торино, СПАЛ и Фиорентина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e