По 16 години Рамос денеска заминува од Реал Мадрид

Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, заминува од клубот по 16 години минати во шпанскиот фудбалски гигант.

Информацијата синоќа ја потврди Реал, прецизирајќи оти двете страни официјално ќе се разделат денеска.

Триесетипетгодишниот Рамос оваа година имаше многу проблеми со повреди и од јануари одигра само пет натпревари во белиот дрес.

Се уште не е позната новата фудбалска дестинација на Рамос, кој со Реал освои пет шампионски титули во Шпанија и четири трофеи во Лигата на шампиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e