Пике и Серхи Роберто се повредија во поразот од Атлетико

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се повреди против на синоќешниот дуел со Атлетико Мадрид во 10. коло од Ла Лига. Според „Marca“ 33-годишниот Шпанец има повреда на десното колено.

Исто така на оваа средба беше повреден играчот од средниот ред на каталонскиот тим, Серхи Роберто. Него му е дијагностицирана повреда на мускул на десниот бут. Двајцата играчи мора да бидат подложени на дополнителни прегледи.

Барселона по овој пораз е десетта на табелата со 11 бодови од можни 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e