Перез: Реал ќе направи уште еден обид да го купи Мбапе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека клубот ќе се обиде во иднина да го купи напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе.

Интересот на „кралевите” за француската sвезда датира од пред две години, но францускиот клуб категорично одбива да го продаде.

– Ни треба Французинот, ќе се обидеме да се потпишеме со него. Има некои играчи кои не се на продажба. Се обидовме да го привлечеме Роберт Левандовски неколку години, но ништо не се случи. Баерн не сака да го продаде. Истото се случи и со Пол Погба, изјави Флорентино Перез за „АС”.

На крајот на минатата сезона, Мбапе изјави дека му е потребен нов проект. После тоа, тој истакна дека бил погрешно разбран и дека останува во ПСЖ. Неговото име се поврзуваше и со Барселона и Манчестер Сити, но присуството на Зинедин Зидан во Мадрид го прави Реал Мадрид фаворит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e