Пандев: Не се враќам, само ќе навивам со сето срце за Македонија!

Македонија по премиерниот настап на завршницата од ЕП летово, сега за првпат обезбеди баража низ квалифиакциите за настап и на завршница од СП-2022 во Катар. По овој нов историски подвиг на македонските репрезентативци со тирумфот против Исланд (3-1) во Скопје, спортската јавност во земјава ја зафати нова еуфорија. По социјалните мрежи се покрена иницијатива за да се врати меѓу „црвено-жолитите“, донеодамнешниот капитен, играч со најмногу настапи во државниот дрес и прв стрлеец со 38 погодоци во репрезенгтацијата Горан Пандев кој се прости од македоснкиот тим по поселдниот настап на ЕП прптив Холандија во Амстердам, а на клупската сцена ја игра последната сезона во редовите на калчолигашот Џенова.

Навивачите сакаат во подмалдениот македонски тим на решавачките еден-два последни мундијалски чекори до Катар селекцијата да биде засилена токму со Пандев.

-Враќање во репрезентацијата нема да се случи. Доста беше. Македонија има многу млади и талентирани фудбалери и со цело срце ќе навивам за нив на претстојните натпревари, возврати Пандев на иницијативата во изјава за Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e