Пандев и донесе победа на Џенова против Каљари

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го постигна единствениот гол за Џенова на денешниот дуел со Каљари.

Македонецот погоди во 43. минута со удар од 20-ина метри, момент што на крајот се покажа решавачки.

За Пандев ова беше шести гол оваа сезона, во која Џенова се бори за опстанок во елитата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e