Откако го одигра јубилејниот 500. меч: Пике го издвои најдобриот партнер во одбраната и трите најслатки победи во кариерата

За Жерард Пике, натпреварот меѓу Италија и Шпанија беше јубилеен 500-ти во неговата досегашна богата фудбалска кариера, но без разлика на тоа што истиот нема да го памети по остварена победа (1:1), стоперот на Барселона беше крајно расположен по финишот во Торино и заедно со своите фанови го прослави убавиот момент.

Пике им одговараше на своите фанови на доста интересни прашања на социјалните мрежи по повод јубилејот кој не можеше да остане неодбележан, а првично посебно во фокусот се најдоа одговорите кои ги даде централниот дефанзивец за неговиот најдобар партнер во одбраната и трите најслатки победи во кариерата.

Иако во изминативе години Пике можеше да соработува со голем број на врвни централни и странични дефанзивци меѓу кои Видиќ, Фердинанд, Рамос, Алвеш, тој без никаков сомнеж стави јасно до знаење дека кога треба да направи исклучок, изборот паѓа на легендарниот Карлес Пујол.

– Беше премногу лесно да се игра со него. Не беше потребно да разговараме, доволно беше да се погледнеме за да се разбереме меѓусебно, – потенцира Пике, кој пак за незаборавни победи во кариерата ги посочи триумфот над Реал Мадрид од 2:6 на „Бернабеу“, победата над Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите од 3:1 и славјето над Холандија во големото финале на Светското првенство во Јужна Африка.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e