Османи го презема Шкупи

Откако чаирскиот фудбалски прволигаш Шкупи од стартот на сезонава спогодбено се раздели со двајца турски стручњаци кои го предовдеа тимот Умит Каран и Булент Акин, одлучи на тренерската клупа да го доведе трофејниот домашен стратег Ќатип Османи.

Поранешниот тренер на Ренова и на актуелниот шампион Шкендија, со кого има освоено три титули пред две недели се раздели со тетовските „црвено-црни“ поради лошиот старт во сезоната. Османи долго не чекаше на нов ангажман, бидејќи се договорил со чаирчани да ја предводи екипата до крајот на сезоната.

Во текот на денот чаирчани ќе направат промоција на новиот тренер, кој ќе го одржи и првиот тренинг и ќе се запознае со играчите кои му се на располагање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e