Официјално: Роналдо е нов играч на Јувентус- Реал се прости со Португалецот

Реал Мадрид денеска соопшти дека нивниот најдобар стрелец во историјата се договорил со Јувентус.

-Реал Мадрид денеска сака да ја изрази својата благодарност до играчот кој со покажа како најдобар во светот и кој го означи едно од најбрилијантните времиња во историјата на нашиот клуб и светскиот фудбал, соопштија „Кралевите“.

Роналдо во Реал Мадрид помина 9 години каде што даде 451 гола на 438 натпревари. Освои 16 титули, вклучително 4 во Лигата на шампионите.

-За Реал Мадрид Кристијано Роналдо секогаш ќе биде глем симбол и уникатна референца за следните генерации. Реал Мадрид секогаш ќе биде твојот дом, се вели во соопштението од Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e