Новак го освои Париз и стана тенисер со најмногу мастерс титули

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на тенискиот турнир во Париз. Во финалето вечерва тој извојува победа со над Данил Медведев од Русија.

Првиот сет му припадна на Русинот со 6:4. Следните два ги доби првиот светски рекет со по 6:3.

Ѓоковиќ немаше добар почеток во дуелот против Медведев, Русинот успеа да го освои и четвртиот последователен сет (после три на „УС Опен“) против српскиот тенисер, па Ноле мораше подобро да сервира за да му се спротивстави на одличниот Русин.Тоа и го направи во понатамошниот период од играта, Ѓоковиќ го подобри првиот сервис, во вториот сет имаше неверојатен процент на искористеност на првиот сервис, ја искористи единствената брејк топка која беше доволна за 6:3.
Во третиот сет Србинот блескаше од четвртиот гем, дотогаш беше 2:2, а потоа како во „петта брзина“, врза десет поени, а Медведев не знаеше што му се случи. Русинот врати еден брејк, но Новак ја заврши работата во следниот.

Оваа титула му овозможи на Ѓоковиќ да го собори рекордот на Шпанецот Рафаел Надал по број на освоени турнири од Мастерс серијата. Тој сега има 37, додека Надал остана на 36.

АТП Ролекс Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од три милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e