Норвешка прва земја во историјата со 15 златни медали на ЗОИ

Со триумфот на Јоханес Тинес Бо во денешната биатлонска трка на 15 километри со масовен старт, Норвешка стана првата земја, која освои 15 златни медали во историјата на Зимските олимписки игри (ЗОИ).

Норвежаните пред четири години во Пјонгчанг освоија 14 златни одличја, што до денешниот ден беше рекорд, кој го делеа со Германија и Канада. Германците дојдоа до 14 златни медали, исто така, на Игрите во Пјонгчанг 2018, додека Канада се закити со 14 златни медали на Игрите на домашен терен во Ванкувер во 2010 година.

Најмногу златни медали норвешките спортисти во Пекинг освоија во биатлон, шест.

Четири освоија во скијачко трчање, два во нордиска комбинација, и по едно во брзо скијање, скијачки скокови и во слободно скијање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e