Неверојатен хуманитарен потег: Ѓоковиќ играше во инвалидска количка!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ организираше сопствен хуманитарен настан во Мелбурн, за да обезбеди средства за неговата фондација која го помага раниот развој на децата во Србија.

На гала настанот во „Маргарет корт Арена“ тој на едно место ги собра поранешниот тенисер Рој Емерсон, талентираниот Александар Зверев со кој одигра егзибиционен натпревар, крикет играчите Шејн Вејн и Мег Ленинг, а потоа и рагбистот Кем Смит. Врв на вечерта беше појавувањето на параолимпиецот Дилан Мартин Алкот, а Ѓоковиќ направи неверојатен потег и седна во инвалидска количка за да одигра и со него една егзибициска партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e