Несторовски регистриран за Палермо

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ја доби потребната документација и со тоа се стекна со право за настап за калчолигашот Палермо откако е потврдена неговата регистрација.

Поради ригорозните критериуми за играчи надвор од Европската унија, Несторовски, иако имаше постигнато договор, немаше работна дозвола. Сепак, клубот од Сицилија успеа да издејствува нашиот репрезентативец да добие „зелено светло“ за настап за Палермо.

Несторовски во италијанскиот клуб пристигна летово од хрватскиот тим Интер Запрешиќ, каде на 90 натпревари постигна 69 голови.

Тој во новата сезона ќе настапува во тандем со колегата од репрезентацијата Александар Трајковски, кој веќе настапува за Палермо. Новата сезона во Серија А почнува на 22. август, а во првото коло Палермо на домашен терен игра против Сасуоло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e