Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Групата за техничка анализа при КОНМЕБОЛ прогласи двајца играчи за најдобри во Купот на Америка.

Изборот падна на напаѓачите Лионел Меси (Аргентина) и Нејмар (Бразил), чии репрезентации ќе се сретнат во финалето.

Нејмар постигна два гола и направи три асистенции на турнирот, додека Меси има четири гола и пет асистенции.

Во изјавата на веб-страницата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација беше забележано дека е невозможно да се избере само еден фудбалер кога има двајца најдобри на турнирот.

Натпреварот меѓу Бразил и Аргентина ќе се одигра вечер во 2 часот по полноќ на „Маракана“ во Рио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e