Нејмар го посвети голот на Ромарио

Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Нејмар погодокот постигнат на вчерашниот контролен дуел со Австрија во Виена, му го посвети на поранешниот напаѓач на националниот тим Ромарио.

Поводот е 55-от гол за Нејмар во националниот тим по што се изедначи со Ромарио.

– Максималната почит кон тебе, идол, стои во посветата на Нејмар.

Повеќе голови од Нејмар и Ромарио за репрезентацијата на Бразил постигнаа само Роналдо (62) и Пеле (77).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e