Настраданите бразилски фудбалери во авионската несреќа биле позитивни на коронавирус

Четворицата бразилски фудбалери, кои загинаа во авионска несреќа во неделата, патувале одделно од остатокот на тимот, бидејќи биле позитивни на коронавирус, соопшти денеска нивниот клуб Палмас.

Во несреќата што се случи при полетувањето на авионот на аеродромот во Лузимангуеш, животот го загубија и полотот, како и директорот на бразилскиот четвртолигаш Палмас.

Агенцијата Асошиејтед прес, цитирајќи го клупскиот портпарол, Изабела Мартинс, јави дека четворицата фудбалери патувале со приватен авион, одвоено од остатокот на тимот, бидејќи биле позитивни на Ковид-19, а на денот на несреќата им истекувала задолжителната двонеделна изолација.

Причините за авионската несреќа, засега, не се познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e