Наполи го освои Купот на Италија

Наполи е новиот носител на Купот на Италија!

Вечерва, фудбалерите на Џенаро Гатузо го совладаа Јувентус во финалето по пенали.

Неаполитанците беа подобар тим во текот на целиот натпревар и тотално го надиграа својот противник, а само брилијантните интервенции на

Џанлуиџи Буфон ги спречуваа „небесносините“ да победат во редовно време.

Се си дојде на место по изведувањето на пеналите и Наполи победи со 4:2 по ударите од белата точка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e