Наместо жестока борба, Партизан лесно се прошета и го освои „Јане Сандански“

Македонскиот првак МЗТ Скопје беше свесен дека ќе има навистина тешка задача во првите две кола во АБА лигата, но сигурно никој не очекуваше дека тимот од Аеродром ќе делува до толку немоќно, особено на денешниот меч со Партизан.

Ако поразот од 91:69 од актуелниот првак Црвена Звезда можеше да се разбере, денешното лошо издание на избраниците на Емил Рајковиќ не наговестува ништо добро, бидејќи Партизан си замина за Белград со цел плен и преубедлива победа од 31 поен разлика.

Конечниот резултат 62:93 можеше да биде и поголем ако гостите не се опуштеа во самата завршница на натпреварот, факт кој секако не може да влее позитивна атмосфера во редовите на МЗТ кој допрва го чекаат и големи предизвици во Еврокупот.

Александар Џикиќ на прес-конференцијата најави дека очекува израмнет дуел меѓу два тима во транзиција, но од тоа не се виде ништо на паркетот бидејќи српскиот сотав во секој сегмент од играта го надигра нашиот првак кој изгледаше немоќно од првата до последната минута на мечот.

Најдобар доказ за доминацијата на Партизан е тоа што гостинот ги доби сите четири четвртини од мечот, оставајќи еден куп работи за анализа од стручниот штаб предводен од Емил Рајковиќ.

Хачер со 21 поен и Бирчевиќ со 19 беа најефикасни во редовите на победничкиот тим, додека единствени расположени за игра во катастрофалната партија на МЗТ беа Темс со 20 и Мејси со 15 поени.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e