Најбрзата Американка позитивна на марихуана

Американската спринтерка Шакари Ричардсон била позитивна на марихуана на американските олимписки квалификации поради што може да остане без настап на Игрите во Токио, објави денеска весникот „Њујорк Тајм“, повикувајќи се на анонимни извори.

Ричардсон (21) победи во финалната трка на 100 метри на американските квалификации што се одржаа минатиот месец, обезбедувајќи со тоа пласман на претстојната Олимпијада во Токио. Таа во април годинава стана шестата најбрза жена во светот, истрчувајќи ја патеката на митингот во Флорида со време од 10.72 секунди.

Марихуаната е на листата забранети супстанции на Светската антидопинг агенција (WADA), а позитивен тест може да доведе до суспензија од еден месец до две години.

Ричардсон се огласи преку својот Твитер профил со порака: „Јас сум човек“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e