На Ливерпул му е доделен шампионскиот пехар, моментот што на „Енфилд“ се чекаше веќе 30 години

По синоќешниот натпреварот од 37. коло од Премиер лигата на кој Ливерпул го совлада Челзи со 5:3, се одржа церемонијата за доделување на шампионскиот трофеј. „Црвените“ по три децении повторно се шампиони на Англија.

Ливерпул стигна до 19. шампионска титула во домашното првенство, последниот пат кога фудбалерите на Ливерпул го кренаа трофејот беше во 1990 година.

Тимот предводен од Јирген Клоп оваа сезона трофејот го обезбеди уште во 31. коло. На 25 јуни, Челзи го совлада досегашниот шампион Манчестер сити со 2:1, по што „црвените“ станаа недостижни за ривалите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e