Мурињо шест години без победа во ЛШ

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, нема победа на натпревар во Лигата на шампионите уште од 2014 година. Лондончани синоќа загубија на домашен терен од Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналето (0:1).

Последен пат кога Мурињо победи во натпреварот во Лигата на шампионите беше во април 2014 година. Тогаш неговиот Челси го совлада ПСЖ со 2:0.

По овој меч, Португалецот имаше уштечетири средби со Челси, две како предводник на Манчестер јунајтед и една со Тотенхем.

Мурињо ја освои Лигата на шампионите двапати – во 2004 година со Порто и во 2010 година со Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e